Тркалачи
семејство тврдокрилци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тркалачи (науч. Scarabaeidae) — семејство на инсекти од редот на тврдокрилците (Coleoptera). Познати се над 28.000 видови, од кои повеќето се хранат со растенија. Додека повеќето видови од потсемејството на вистинските тркалачи, која вклучуваат повеќе од 5000 видови, се хранат со лепешки. Најголем број на видови од ова семејство се присутни во тропските предели.
Во Македонија се забележани 137 видови на тркалачи.[1]
Remove ads
Опис
Тркалачите се инсекти кои достигнуваат од 1,5 до 160 мм, во зависност од видот. Застапени се во најразлични бои, од црно до металик зелено-сина или бакарна. Женките прават топки од сточни лепешки, ги тралаат на соодветно место, па ги закопуваат. Тие имаат карактеристични антени во форма на палки, кои можат да се скупчат или да се испружат за да го осетат мирисот. Предните нозе на многу видови се широки и прилагодени на копање. Мажјаците од некои видови (како и некои женки) имаат рогови на главата или на штитот на вратот (pronotum), кои ги користат за борба за женките или за храна.[2]
Remove ads
Митологија
Старите Египќани за тркалачот (латински: Scarabaeus sacer) верувале дека е свет. Во староегипетската религија, кога тркалачот тркалал топка песок, тоа претставува метафора за сончевото патување низ небото. Египетските амајлии кои го претставувале светиот скарабеј била продавана низ целото Средоземје.[2]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads