Тросковски манастир

манастир кај Тросково, Горноџумајско, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Тросковски манастирmap
Remove ads

Тросковски манастир „Св. Архангел Михаил“ (понекогаш познат и како Брестовски манастир) — манастир кај селото Тросково, Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.

Кратки факти Тросковски манастир, Место ...
Remove ads

Местоположба

Манастирот се наоѓа 1 километар северно од Брестово, на неколку километри југозападно од Тросково, над десната страна на Стара Река.[1] Во непосредна близина се наоѓаат камените образби Коматница. Бидејќи во минатото с. Брестово се сметало за маало на Тросково, манастирот до ден денес го зачувал своето име.[2]

Историја

Според преданието, манастирот е основан во 1149 г., со што се смета за еден од најстарите во областа. Манастирот претрпел сериозни оштетувања за време на Крупничкиот земјотрес на 4 април 1904 година, при што е разрушен. Подоцна бил обновен во 1906 г.[3][2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads