Трухиљо (Перу)
град во Перу From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трухиљо (шпански: Trujillo) — град во северозападно Перу и главен град на регионот Ла Либертад. Трухиљо е трет најголем град во Перу со население од 811,979 жители и е економски центар на северно Перу.[1] Градот се наоѓа на бреговите на реката Моче, во близина на вливот во Тихиот Океан. Во близина на Трухиљо се наоѓаат археолошките наоѓалишта Чан Чан, Храмот на сонцето, Ел Брухо и Храмот на месечината.[2]
Remove ads
Демографија
Трухиљо е трет најнаселен град во Перу и има население од околу 800,000 житело во метрополитенската област.[3] Во градот живее околу 49.69% од населението на регионот Ла Либертад и 2.9% од населението на Перу.
Сообраќај
Градот е поврзан со скоро сите позначајни градови на перуанскиот брег. Значаен сообраќаен сегмент во животот на градот е аеродромот Капетан Карлос Мартинес де Пинилос. Пристаништата во Салавери и Чикама се користат како значајни пристаништни центри на Трухиљо.
Значајни личности од Трухиљо
- Сезар Валехо, поет, живеел во Трухиљо од 1910 до 1917.
- Антенор Орего, прв перуански политички филозоф, живеел во Трухоло од 1910 до 1940.
- Виктор Раул Хеја де ла Торе, политичар.
- Теофило Тиноко Кабалеро, правник и професор.
- Луис Банчеро Роси, хемиско-индустриски инженер.
- Мили Ахон, танчерка и градоначалник, основач на посебен вид маринера танц
- Маија Хулија Мантила, Мис Свет за 2004
- Теодоро Риверо Ајлон, писател и професор.
Збратимени градови
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads