Туларски занает
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Туларски занает е занает за производство на непечена тула која се користела за изградба на куќи, племњи, штали и сл. Зборот тула потекнува од турскиот збор[1] tuğla. Мајсторот кој се занимава со овој занает се нарекувал тулар[2], под истото име се нарекувани и сопствениците и трговците со тули.
Историја на занаетот
Тулата, првпат била произведена во сушена форма на сонце пред најмалку 6.000 години и претставува претходник на широк спектар на структурни глинени производи што се користат денес. Подоцна, околу 3000 п.н.е во Месопотамија , се појавиле и печени тули. Добро развиената ѕидарска технологија на Месопотамија била искористена за изградба на големи структури од големи маси од тули, како што е храмот во Тепе Гавра изигурати кај Ур[3] и Борсипа (Бирс Нимруд), кои биле високи до 26 метри. Овие симболични градби ги означиле почетоците на архитектурата во оваа култура . Како и другите големи култури на речните долини. Египет ги градел своите градови со тули од кал, печената тула не се појавила таму се до римското време.
Remove ads
Начин на изработка на тули
Во постариот метод на изработка на тули, на процес со мека кал, се користело многу повеќе вода за мешање на земјата или глината и сето тоа убаво се мешало да се соедини. Смесата во вид на кал се ставала во дрвени калапи за да се формира саканата големина и сите тули за тој објект да бидат со иста големина. За да не се залепи глината, калапите се подмачкувале со песок или вода. Откако ќе ги наполнеле калапите, вишокот глина се собирал (гребел) од врвот на калапот или се миел со вода. Тулите имале правилен облик, правилни рабови и рамни страни. Бојата на структурните глинени производи може да биде природна или примеси.
Сушење
Откако ќе се формирале тулите во калапите, тие морало да се исушат за да се отстрани што е можно повеќе влажноста од водата во земјата или глината. Тулите биле сушени на Сонце долго време за да ја добијат потребната цврстина. Подоцна кога биле измислени печките за тули освен сушењето на сонце како неизбежен процес, се вршело и печење на тулите во посуви печки со контролирана температура, провев и влажност, тулите би можеле да се распукаат ако бидат изложени на оган без претходно сушење.
Печење и ладење
Тули се печат и се ладат во печка, комора од типот на рерна способна да произведува температури од 870° до 1.100°C, во зависност од видот на суровината. Постојат два општи типа на печки, периодични и континуирани .
Најраниот тип на печка, на Scove, е само куп исушени тули со тунели на дното што дозволуваат топлината од пламенот да помине низ и нагоре во купот наредени тули. Ѕидовите и горниот дел се малтерисани со мешавина од песок, глина и вода за да се задржи топлината, на врвот тулите се поставени блиску една до друга и се отвораат за циркулација за да се повлече топлината низ тулата. Надворешните ѕидови се постојани, со отвори на дното за да се овозможи палење на тунелите на печката.
Во т.н периодични печки тулите се поставуваат со доволен воздушен простор за да се овозможи топлината да стигне до сите површини. Тие се поставуваат директно под машината за сушење, а топлината постепено се зголемува додека не се постигне оптималната температура на загревање. Кога ќе бидат доволно испечени, топлината се намалува и се остава постепено да се изладат пред да се извадат од печката.
Remove ads
Автоматизација
Од развојот на тунелската печка, производителите на тули се обидувале да ја зголемат автоматизацијата во нивните погони. Денес ракувањето со готовиот производ е автоматизирано до тој степен што тулите што излегуваат од печката сега се автоматски наредени во пакувања од приближно 500, врзани со метални ленти и складирани и испорачани со механичка опрема.
Во некои постројки тулите се земаат од машината за сечење, се ставаат во машина за сушење или на посушни коли со механички средства, се ставаат на колички на печката со механички прсти, се отстрануваат од колите на печката механички, се редат, се врзуваат и се подготвуваат за испорака без да се допираат со рака.
Туларски занает во Македонија
За свои лични потреби, руралното население се занимавало и со преработка и печење тули[4]. Повештите луѓе ја научиле оваа уметност од мајстори кои дошле на овие наши простори.
Оригиналниот концепт на древните производители на тули бил дека единицата не треба да биде поголема од она што еден човек лесно може да го крене, денес големината на тули варира од земја до земја, а индустријата за производство на тули на секоја нација произведува низа големини што може да достигне стотици. Поголемиот дел од тулите за повеќето градежни цели имаат димензии од приближно 5,5 × 9,5 × 20 сантиметри.
За изработка на тули се избирала лабава и мрсна почва наречена „гајнача“, „белошица“ најчесто луѓето ја користеле и земјата од сопствените имоти. Прво, се копала земјата во есен, за преку зимата да замрзне. Во пролет таа земја ја откопувале ја ставале во земјени дупки и ја навлажнувале со вода. Следел процесот на газење со нозе на земјата за да се добие хомогена смеса. Тули се правеле и од земја што се навлажнувала во текот на денот. Подготвената кал се собирала а потоа се „сечела“ со раце и се ставала во калапи. Циглата се отстранувала од „калапот“ и се ставала на „плочата“, каде што се суши два-три дена, а потоа се „кралчи“ - свртено на страна. Исушената тула се става во „вирли“ (редови) високи девет реда и се суши околу 30 дена а потоа може да се употребува за ѕидање. При ѕидање на куќите долниот дел се ѕидал со делкан камен а потоа со тули. Дебелината на ѕидовите била околу 40 см. Куќичките и распоредот на просториите биле градени едноставно и традиционално. На средината на просторијата се наоѓало огништето на куќата, кое, истовремено, се користело и за осветлување на просторот околу него. Огништата биле отворени, при што чадот излегувал низ широкиот оџак наречен „баџа“.
Remove ads
Галерија
- Ѕид со непечени тули
- Ѕид со непечени тули и камен во основата
- Надворешен ќош од куќа со непечени тули во Превалец, Велес
- Македонска стара куќа од тули и и камен
- Стара македонска куќа од тули и камен од средината на 20 век
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads