Тумба (Оптичари)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото и 7 км источно од патот Битола-Лерин, како и на околу 1,5 км западно од коритото на Црна Река. Во основата има пречник од 240 × 240 м и зачувана височина од 4,5 м. Во 1988 година е вршено сондажно ископување при што е утврдена повеќеслојна населба од времето на раниот и средниот неолит, односно од велушко-породинската културна група. Откриен е голем број подвижни предмети, и тоа: фрагменти од керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- На Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Трн Тумба — населба од неолитско време;[1]
- Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Оптичари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads