Тумба (Црнобуки)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Црнобуки. Претставува населба од неолитско и бакарно време. Се наоѓа на околу 3 км источно од селото и на 150 м северно од реката Шемница. Има кружна основа со пречник од околу 150 м и височина од 4-4,5 м. Населбата е делумно оштетена од експлозиите на собраната муниција од Првата светска војна. Во 1974 година се извршени сондажни археолошки ископувања при што се пронајдени 4 хоризонти на живеење, а откриен е и богат археолошки материјал: керамички садови, култни предмети и орудија од камен, кремен и коска.[1]
Remove ads
Поврзано
- Варварица — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба од хеленистичко и доцноантичко време;
- Гулев Рид — населба од римско време;
- Св. Димитрија — осамени наоди од римско време;
- Самовилец — населба од железно време;
- Под Селото — населба од римско време;
- Црнобуки — депо на монети од средниот век;
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период;[2]
- Црнобуки;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads