Тумор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Туморот претставува патолошка појава кој настанува како резултат на неконтролирана делба и развиток на клетките на домаќинот,кои се исхрануваат со крвта на домаќинот (човекот),а притоа добиваат свои специфичности,различни од тие претходно.

Значи дека туморот претставува една абнормална маса во организмот настаната поради одредени причини.
Remove ads
Терминот неоплазма
Зборот "неоплазма" претставува новосоздадена творба во организмот,која настанала поради различни надворешни или внатрешни фактори односно причинители.
Зборот "неоплазма" може да се дефинира и како абнормална маса на клетки настаната поради нивен абнормален раст и развој.
Поделба на неоплазми
Туморите се делат на две групи:доброќудни и злоќудни.Разликата меѓу овие два вида на тумори е тоа што доброќудните растат и се развиваат ограничено од околното ткиво,односно тие имаат своја капсула (јасно ограничени),растат бавно,ретко се рецидивираат,нема создавање на метастази и секундарни тумори,додека злоќудните тумори растат брзо и се враснуваат во ткивата,испуштаат метастази и поради тоа настануваат и секундарни тумори и најчесто доаѓа до нивно рецидивирање.
Доброќудни и злоќудни неоплазми
Микроскопска структура на тумори
Секој тумор е изграден од строма (мрежа од врзувачко ткиво и крвни садови) и паренхим (клетки на туморот).
Паренхимот му дава специфични особини на туморот,кој се формира со размножување на клетките од каде може да се утврди и потеклото на туморот,но кај злоќудните тумори тоа е тешко да се утврди.
Метастазирање
Метастазирањето претставува настанување на секундарни тумори,односно настанување на тумор во пооддалечните места во организмот.
Карциномите почесто се метастазираат по лимфен пат,додека саркомите по крвен пат.
Новосоздадените секундарни тумори се со исти особини како и примарниот тумор.
Пример:од органите во абдоменот,клетките на туморот преку порталната вена може да создадат секундарен тумор во црниот дроб.
Remove ads
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads