Туријасаурус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Туријасаурус (што значи „гуштер Турија“) — род на сауроподски диносауруси. Познат е од еден фосилен примерок кој ги претставува видовите Turiasaurus riodevensis, пронајден во формацијата Вилар дел Арзобиспо на Теруел, Шпанија.
Remove ads
Опис

Се верува дека Туријасаурус е најголемиот диносаурус некогаш пронајден во Европа и е меѓу најголемите познати диносауруси. Првично беше проценето на 36 до 39 метри во должина и со тежина од 40 до 48 тони,[1] комбинирана тежина од шест или седум возрасни машки слонови. Поновите проценки укажуваат на должина од 30 метри во должина, но споредлива тежина е 50 тони.[2] Должината на неговиот череп е 70 сантиметри, што не е премногу голем. Според палеонтологот Луис Алкала, тоа е затоа што поголема глава може да предизвикало на Туриасаурусот да му скршил вратот.[3]
Филогенетската анализа покажува дека Туријасаурус лежи надвор од поделбата на Неосауропода и припаѓа на новиот клад, Туријасаурија, заедно со Лосиласаурус и Галвеосаурус.[1]
Remove ads
Историја


Фрагментарни остатоци од ова животно, вклучувајќи артикулиран лев екстремитет (холотип), фрагменти на черепот, заби, пршлени и ребра, се пронајдени во копнените наслаги на формацијата Вилар дел Арзобиспо. Преден екстремитет од Португалија[4] сега се гледа како Zby atlanticus.[5] Типскиот вид, Turiasaurus riodevensis, бил формално опишан од Ројо-Торес, Кобос и Алкала, во 2006 година.[1] Во раните 2010-ти, биле извршени ископувања источно од Мадрид, кои открија најкомплетен фосил од такви суштества во целиот свет.[6]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads