Тјенгунг (вселенска станица)

кинеска вселенска станица From Wikipedia, the free encyclopedia

Тјенгунг (вселенска станица)
Remove ads

Тјенгунг (кинески: 天宮; пинјин: Tiāngōng; букв.: "Дворец на небото")[1][2] официјално Вселенска станица Тјенгунг (кинески: 天宫空间站; пинјин: Tiāngōng kōngjiānzhàn), е вселенска станица конструирана од Кина во нискоземската орбита, помеѓу 340 и 450 км над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тјенгунг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир.

Thumb
Рендеринг на Вселенската станица Тјенгунг според сегашната состојба.

Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тјенгунг-1 и Тјенгунг-2.[3][4][5] Првиот, односно централниот модул, Тјенхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021,[1][2] по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.[3]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads