Узбечки јазик
јазик од туркиското семејство во Средна Азија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Узбечкиот[1] (узбечки: O'zbek tili / O'zbekcha или Ўзбек тили / Ўзбекча) е туркиски јазик кој воглавно се зборува во азиската држава Узбекистан. Узбечкиот е службен јазик во Узбекистан и истиот го зборуваат околу 25,5 милиони луѓе. Узбечкиот е дел од подгрупата на карлучките (или ујгурски) јазици, па така, големи сличности во поглед на граматиката и зборовниот фонд дели со ујгурскиот јазик, со одредени влијанија од персискиот, рускиот и арапскиот јазик. Денес Узбекистан е во процес на промена на азбуката, односно се заменува кирилицата со латиница. Една од најзначајните одлики на узбечкиот јазик е промена на гласот /a/ со /ɒ/ или /ɔ/, фонетска одлика типична за персискиот јазик.
Remove ads
Демографија
Во рамките на Заедницата на независни држави, околу 24,7 милиони луѓе зборуваат узбечки или на некој од узбечките дијалекти. Во Узбекистан околу 21 милион жители зборуваат узбечки како мајчин јазик. Во Таџикистан има околу 1,2 милиони жители кои зборуваат на узбечки. Понатака, во Авганистан има 1 милион жители кои зборуваат узчеки, во Киргистан 550.096 жители и во Тукменистан има 317.333 жители кои го користат узбечкиот. Во Кина има исто така узбечка заедница, но поради големата сличност со Ујгурите, Узбеците се асимилираат.
Remove ads
Странско влијание
Влијанието на Исламот, а преку тоа и влијанието на арапскиот, врз узбечкиот јазик е очигледно. Покрај тоа, врз узбечкиот јазик има одреден степен на влијание и од рускиот јазик, кое е последица на историските развои. Голем број од арапските позајмени зборови во узбечкиот се прифатени преку персискиот јазик. Поради географската близина на персискиот јазик и неговиот дијалект, таџички јазик, узбечкиот претрпел влијание и од овој јазик.
Remove ads
Дијалекти
Узбечкиот јазик има поголем број дијалекти, кои варираат од регион до регион. Сепак, меѓу нив има еден задничка стандардна форма која е разбирлива за сите и која служи како база за стандардниот узбечки јазик. Едни од најпознатите дијалекти на узбечкиот се тие во Авганистан, односно ферганскиот, хорезмскиот, чимкентско-туркестанскиот и суркандарјанскиот дијалект.
Писмо
Пред 1928 година, узбечкиот јазик, како и останатите централноазиски јазици, се пишувал со арапско писмо од писменото население. Во периодот од 1928 до 1940, како резултат на една програма за едикација на узбечкиот народ, узбечкиот јазик почнал да се пишува со латиница. Латинизирањето на узбечкиот јазик бил дел од поголемиот процес на латинизирањето на туркиските јазици и узбечкиот немало да се пишува со латиница ако не се одвивал процесот кај сите туркиски јазици.[2]
Во 1940 година, узбечкиот почнал да користи кирилица наместо латиница. Кирилицата се користела до 1992 година, но денес латиницата била и официлајно воведена во Узбекистан. И покрај официјализирањето на латиницата, кирилицата сè уште се користи во државата. Промената од кирилица на латиница имала временски рок, но рокот бил на двапати продолжен.
Во поголем број области во Узбекистан латиницата се користи во образованието[3] и во 2001 година латиницата се искористила и на узбечките пари. Од 2004 година латницата почнала да се користи и на некои владини портали[4].
Во Кина, узбечкиот нема стандардизиран пишан систем. Некои Узбеци користат кирилица, додека други користат ујгурска азбука. Узбечката кирилица и латиница се[5]:
- Белешки
- Кирилично "Е е" на почеток на збор, а после самогласка е "Ye ye" на латиница.
- Се изговара /o/ во руски зборови.
Remove ads
Примери
турски | узбечки | македонски |
Onun kardeşi bu yıl üniversiteyi bitirdi. | Uning akasi bu yil universitetni bitirdi. | Неговиот брат заврши на овој универзитет оваа година. |
Onun yüzü kızardı. | Uning yuzi qizardi. | Тој се сцрвени. |
Ben her hafta iki saat ders alıyorum. | Men har haftada ikki soat dars olaman. | Јас имам два часа предавања секоја недела. |
Bu memleketin ahalisi bahtiyardır. | Bu mamlakatning aholisi baxtiyordir. | Луѓето од оваа земја се среќни. |
Bu işi ben müddetinden önce başardım. | Bu ishni men muddatidan oldin bajardim. | Ја завршив работата пред зададеното време. |
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads