Узда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Узда[1][2] — парче опрема или уред за насочување на коњ при јавање. Постојат узди кои вклучуваат ѓем, кои во моментов се најчести и узди кои немаат ѓем. Тие се нарекуваат безѓемни узди.





Делови на уздата
Уздата се состои од следниве делови:
- Тилен дел од подвратниот ремен, кој лежи зад ушите на коњот.
- Личник, кои од едната страна е прицврстен на тилниот дел на подвратникот, а од другата страна на прстените на ѓемот.
- Подвратник, кој е прикачена на едната страна од увото на коњот, лежи под грлото и е прикачен на другото уво. Неговата задача е да спречи уздата да се откачи ако коњот се трие од некој предмет.
- Челник лежи пред ушите на коњот и често е убаво обликуван и украсен.
- Носник е дел од уздата што го обиколува носот на коњот и се прицврстува под него. Неговата функција е да спречи отворање на устата на коњот.
- Фијадоров јазол - јазол што се користи кај безѓемната узда
- Поводникот (водилото) е прикачен на прстените на уздата од секоја страна, тие се врската на јавачот со коњот и секоја узда ги има. Тие можат да бидат направени од јаже, кожа, плетенка, гума...
- Ѓемот се вметнува во устата на коњот, на место каде што природно нема заби. Постојат неколку видови на ѓемови, тие се главно метални и можат да бидат единични или двојни. Исто така можат да бидат пластични или направени од челична жица. За коњите кои имаат проблеми со прифаќање на ѓем, на пазарот има изработени со вкус на разни плодови, како на пр. јаболка.
Уздата (во зависност од стилот на јавање) може исто така да содржи заштита на ѓемот и наочници. Заштита на ѓемот се гумени прстени кои се поставуваат на ѓемот и служат како заштита за устата на коњот. Наочниците се квадратни парчиња кожа или синтетички материјал закачени на рабовите на личниците. Најчесто се користат за влечни коњи и го спречуваат коњот да види што има зад него и да се исплаши.
Remove ads
Видови узди
Англиски стил на јавање
- Уздата на снафл е најчесто користената узда при англиското јавање. Таа е основна узда што има еден ѓем.
- Уздата пелхам е друг вид англиска узда што има единичен ѓем.
- Двојната узда вејмут има два ѓема, од кои едниот е мал снафл ѓем, а другиот е вејмут ѓем. За користење на оваа узда потребни се две узди. Овој вид на узда обично се гледа само на повисоките нивоа на натпревар во дресирање.
Вестерн јавање
Вестерн уздата е наменета за американскиот стил на западно јавање и обично нема носник. Исто така, многу од нив немаат челник, или имаат таков кој го опфаќа само едното уво.
Посебни узди
Гаг узда е узда со заоблени личници (обично направени од јаже) кои минуваат низ дупките на прстените на уздата и се прикачени директно на поводникот. Тие често се користат при поло, при родео и повремено при прескоци.
Уздата огламник има личници со ѓем, кој може да се отстрани и со тоа уздата да се претвори во огламник.
Remove ads
Безѓемни узди
Со безѓемна узда се контролира коњот врз основа на создавање притисок на одредени делови од неговата глава. Безѓемната узда не е исто што и огламник кој се користи за водење и врзување на коњот.
Босал уздата најчесто се користи при јавање млади коњи во вестерн дисциплините. Безѓемните узди често се користат при слободното јавање. Повеќето безѓемни узди не се дозволени во повеќето дисциплини во јавање (со исклучок на натпреварите во прескок на пречки).
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads