Узедом (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Узедом (германски: Usedom; исто така понекогаш нарекуван Штат Узедом или „Град Узедом“) — град на истоимениот остров, во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Узедом-Југ.
Целиот остров Узедом бил именуван по градот во средновековниот период.
Remove ads
Географија
Градот се наоѓа во југоисточниот дел на островот Узедом, во т.н. заднинска земја (Achterland), на северозападниот брег на Одарскиот Залив („Oderhaff“). Градот се граничи на север и запад со Пенештром, западниот премин на заливот со Балтичкото Море.
Градски единици
Следниве единици припаѓаат на градот Узедом:
|
|
|
Remove ads
Историја

Областа била населена уште од неолитот, а од VIII и IX век од Словените, кои изградиле замок на ридот, сега познат как Шлосберг. Името на градот доаѓа од словенскиот збор „узнам“, што означува речно устие. На почетокот на XII век, местото било уништено од Данците.
Во 1128, Западна Померанија го прифатила христијанството и кратко потоа бил основан премонстратензијанскиот манастир, Узедом (исто така познат како Манастир Гробе или Пудагла), во самиот град. Во XIII век, германската населба Узедом била основана како дел од источното доселување. На 23 декември 1298, Узедом добил градски права.
Градот изгорел двапати во големи пожари во 1475 и 1688. По Штетинскиот договор и последователниот Вестфалски мир (1648), Узедом заедно со цела Западна Померанија, градот станал дел од Шведска Померанија до 1720, кога бил вратен на Прусија. Од 1720 до 1945, градот бил пруски. Градот има железничка врска од 1876.
Во 1934, кај Карнин, бил изграден железнички мост, но бил уништен во Втората светска војна. По војната, градот најпрвин припаѓал на покраината Мекленбург-Западна Померанија, додека Источна Германија не ги укинала покраините во 1952, кога припаднал на Округот Росток. При Повторното обединување на Германија во 1990, Узедом уште еднаш се нашол во покраината Мекленбург-Западна Померанија.
Remove ads
Знаменитости
Вредно за разгледување во Узедом се Портата Анклам (Anklamer Tor), Црквата Св. Богородица (Marienkirche), Шлосберг (Schloßberg) со неговиот споменик за преминот во христијанството направен од Ото Бамбершки во 1128 и урнатините на железничкиот мост Карнин.
Сообраќај
Низ Узедом поминува главниот сојузен автопат Б110, поврзувајќи го островот со градот Пинов на копното и Анклам. Во другата насока, Б110 се здружува со Б111, патот кој води низ северниот брег на островот Узедом, кај бањата Албек. До 1945, градот имал железничка станица на линијата Духеров-Свинеминде, која сега е дом на центарот на природниот парк. Узедом, денес се наоѓа далеку од единствената островска железничка линија (Usedomer Bäderbahn). Узедом има мало пристаниште на Узедомското Езеро, кое е поврзано со заливот преку канал.
Remove ads
Меѓународни односи
Збратимени градови
Узедом е збратимен со следниве градови:
Волин, Полска
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads