Улица Крештатик (Киев)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Улица Крештатик (Киев)map
Remove ads

Крештатик (украински: Хрещатик) е главната улица во Киев, Украина. Улицата е со должина од 1,2 километри и се протега од Европскиот плоиштад, преку Плоштадот на независноста до Бесаравискиот плоштад, каде се наоѓа истоимениот пазар.

Кратки факти Улица Крештатик, Поранешни називи: ...

Името Крештатик се верува дека е добиено од словенскиот збор крешт, кој значи крст. Самата улица наликува односно има форма на крст. Една мала река, Крештатиска река, минува покрај неа.

Улицата била целосно уништена во времето на Втората светска војна од страна на Црвената армија. По крајот на војната, таа била обновена во неокласичен стил и сталинистички стил. Улицата исто така била во голема мера реновирана по прогласувањето на независност на Украина во 1991 година.

Денеска, улицата претставува голем административен и бизнис центар во градот, како и популарно место за туристите. Од 2010 година, улицата се вбројува во десетте најскапи улици во светот.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads