Унгарска работничка народна партија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Унгарска работничка народна партија
Remove ads

Унгарска работничка народна партија (унгарски: Magyar Dolgozók Pártja) или скратено УРНП (унгарски: MDP) — владејачка комунистичка партија во Унгарија во периодот од 1948 до 1956 година. Партијата била основана со спојувањето на Унгарската комунистичка партија и Социјал-демократската партија на Унгарија.[1] Ориентацијата на партијата била за тесен сојуз на Унгарија со СССР и истата ја поддржувала марксистичко-ленинистичката идеологија во нејзината сталинистичка варијанта. Партијата фактички се распаднала и била званично распуштена за време на Унгарската револуција од 1956 година. Нејзин наследник станала Унгарска социјалистичка работничка партија.

Кратки факти Унгарска работничка народна партија Magyar Dolgozók Pártja, Прв водач ...
Remove ads

Раководители на партијата

Претседател
  • Арпад Сакашич (12 јуни 1948 — април 1950).
Генерален секретар на Централниот комитет
Прв секретар на Централниот комитет

Партиски конгреси

Партијата ги одржала следните конгреси:

  • Обединувачки конгрес (13—14 јуни 1948, Будимпешта) — партијата била основана;
  • II конгрес (28 февруари — 2 март 1951, Будимпешта) — одлучено било значително зголемување на контролните броеви во првиот петгодишен план (1950—1954); и
  • III конгрес (24—30 мај 1954, Будимпешта) — поднесени биле резултатите од првиот петгодишен план, биле одобрени контролните броеви во вториот петгодишен план(1955—1959) и било дискутирано прашањето за народниот фронт.

По создавањето на Унгарската социјалистичка работничка партија, конгресите продолжиле да се бројат како IV, V, VI итн.

Remove ads

Број на членови

Во 1948 година, вкупното членство на партијата изнесувало околу 1 милион, а во 1949 истото се намалило на околу 900 илјади членови.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads