Просторно и урбанистичко планирање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата.
| 
 Дел од серија статии по 
 | 
| 
 Просторен план на РМ  | 
| 
 Министерство  | 
| 
 Останато 
Историја на урбанизмот  | 
Remove ads
Видови на планови
Во зависност од просторот кој е предмет на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следниве планови:[1]
1 Просторен план на Република Македонија (план за намена и користење на просторот на територијата на целата Република)
2 Урбанистички планови:
- Генерален урбанистички план (на ниво на град),
 - Детален урбанистички план (на ниво на дел од град),
 - Урбанистички план за село (на ниво на село), и
 - Урбанистички план вон населено место (на ниво на подрачје надвор од град или село).
 
Remove ads
Начела
Изработувањето, донесувањето и спроведувањето на Просторниот план на Република Македонија и на урбанистичките планови се работи од јавен интерес.
Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат, и нивното спроведување има задолжителен карактер.
Според Законот за просторно и урбанистичко планирање, начелата во процесот на планирање и уредување на просторот се:[2]
- рамномерен просторен развој,
 - рационално уредување и користење на просторот,
 - услови за хумано живеење и работа на граѓаните,
 - надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет,
 - оддржлив развој,
 - заштита и унапредување на животната средина и природата,
 - заштита на недвижното културно наследство,
 - заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи
 
и хаварии,
- јавност во постапка за донесување и спроведување на плановите, и
 - усогласеност со европските нормативи и стандарди во планирањето и
 
уредувањето на просторот.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads