Урош Спаиќ

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Урош Спаиќ (13 февруари 1993) е српски професионален фудбалер кој игра како централен бек за турскиот суперлигашки клуб Касимпаша.

Клупска кариера

Црвена Ѕвезда

Спаиќ го имал своето професионално деби за Црвена Звезда на 27 октомври 2010 година во натпреварот од Купот на Србија против Борац Чачак. Подоцна, тој бил позајмен на тимот на Сопот, во српската трета лига, каде што ја играл сезоната 2011-12. Во својата последна сезона во Црвена ѕвезда, тој настапил на 16 натпревари и станал играч со извонредни квалитети.[1]

Тулуз

На 29 мај 2013 година, Црвена Ѕвезда и ФК Тулуз се договориле за трансфер на Спаиќ во француската лига за 1,5 милиони евра.[2] Спаиќ го направил своето деби во Тулуз против Валенсиен во првото коло од сезоната 2013–14.

Андерлехт

На 31 август 2016 година, Спаиќ му се приклучил на белгискиот клуб Андерлехт на позајмен договор за една сезона.[3] Договорот станал постојан при крајот на сезоната 2016-17.

Краснодар

На 26 мај 2018 година, тој потпишал 5-годишен договор со рускиот прволигаш ФК Краснодар .[4] Пред сезоната 2020-2021, во руската Премиер лига била воведена нова граница од 8 странски играчи во тимот. Спаиќ до тој момент не се појавил за Краснодар во 2020 година поради повреда, а не бил пријавен во лигата за сезоната. На 21 јануари 2022 година, неговиот договор со Краснодар бил раскинат со заедничка согласност.[5]

Феенорд

На 15 септември 2020 година тој му се приклучи на Феенорд на позајмица до крајот на сезоната. Тој го направил своето деби за клубот на 4 октомври 2020 година со старт на гостувањето против Вилем II, натпревар кој бил добиен со 1–4.[6]

Касимпаша

На 31 јануари 2022 година, Спајиќ му се придружил на турскиот клуб Касимпаша .[7]

Remove ads

Репрезентативна кариера

Спајиќ првпат играл за репрезентацијата на Србија до 21 година во пријателскиот натпревар со Израел до 21 година на 6 февруари 2013 година. Тој ги одиграл сите три натпревари во групата за тимот на УЕФА првенството до 21 година во 2015 година .

Тој го направил своето деби за српската репрезентација на 4 септември 2015 година во квалификацискиот натпревар за ЕВРО 2016 против Ерменија, кој Србија го победи со 2–0.[8] Во јуни 2018 година тој беше избран во тимот на Србија за Светското првенство 2018,[9] но не успеа да одигра ниту еден натпревар.

Remove ads

Трофеи

Андерлехт
  • Белгиски Суперкуп : 2017 година

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads