Усни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Усни (латински: labia oris) — кожно-мускулни образувања сместени на влезот на усната празнина.[1][2] Составени се од горен (labium superius) и долен (labium inferius) дел. Го претставуваат видливиот дел од устата на човекот и повеќето животни. Усните се меки и подвижни и служат за отворање кон системот за варење при внесување храна, како ероген орган за време на бакнувањето и други дела на блискост, како тактилно-сетилен орган како и во артикулацијата на говорот.[3]

Remove ads
Усни кај животните
- Говеда — дебели, ниски и слабо подвижни
- Овци — долги, многу подвижни, со длабока средна бразда.
- Свињи — долги, груби, слабо подвижни.
- Коњи — дебели, подвижни, чувствителни, покриени со мека кожа.
- Мачки — горната усна е мала и слабо изразена.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads