Устие на Дрим (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Устие на Дримархеолошко наоѓалиште во градот Струга. Претставува населба од неолитското и бакарното време.

Повеќе информации Основни податоци ...

При проширувањето на коритото на Црн Дрим во 1961 година, кај истекот на реката во Охридското Езеро е откриена населба со наколни живеалишта. Заедно со остатоците од столбовите–носачи на дрвената платформа е најден голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, секири од камен, ножеви и стрели од кремен, како и харпуни и шила од еленски рогови.[1]

Според типолошките одлики на наодите, особено на керамиката, се работи за остатоци од рибарска населба од крајот на доцниот неолит, во која се присутни влијанија од доцнобакарните култури од јужната зона на јадранскиот брег.

Наодите се чуваат во Народниот музеј во Струга, во Музејот во Охрид и во многу приватни збирки.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads