Утопија

заедница или општество кое поседува многу посакувани вредности или е совршено From Wikipedia, the free encyclopedia

Утопија
Remove ads

Утопија — замислена заедница или општество што се одликува со посакувани или речиси совршени квалитети на нејзините членови.[1] Изразот „утопија“ прв го употребил Томас Мор во неговата книга „Утопија“ од 1516 година, опишувајќи измислен остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан во близина на брегот на Јужна Америка. Спротивен збор на „утопија“ е „дистопија“.

Thumb
Нова Хута во Краков служи како недовршен пример на утописки идеален град.
Remove ads

Поим

Поимот утопија се однесува на различни одлики што се однесуваат на економијата, владата и правдата, а чии методи и структура се разликуваат во зависност од идеологијата.[2] Лиман Тауер Сарџент тврди дека природата на утопијата е противречна сама по себе зашто општествата не се хомогени, желбите на нивните членови се конфликтни и поради тоа не можат да се задоволат истовремено. Според Сарџент:

Постаојат социјалистички, капиталистички, монархистички, демократски, анархистички, еколошки, феминистички, патријархални, егалитарни, хиерархиски, расистички, левичарски, десничарски, реформистички... и многу други утопии... Утопизмот, според некои, е суштински за унапредување на човечката состојба. Но, ако се употреби погрешно, тој стануав опасен.[3]

Remove ads

Утопијата како мотив во уметноста и во популарната култура

  • „Утопија“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[4]
  • „Утопија“ (Utopia) — албум на исландската музичарка Бјорк (Björk) од 2017 година.[5]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads