ФК Кротоне е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Кротоне, Калабрија. Во моментов се натпреварува во најсилната лига по ранг во Италија, Серија А.
Клубот е основан во 1910 година, под името Социета Спортива Кротоне. Инаку, моменталната сезоната 2016-2017 е прва историска за Кротоне во Серија А. Претходно клубот се натпреварувал во Серија Б 12 сезони, како и во пониските лиги во Италија во кои ги има поминато највеќето години од своето постоење.
Боите на клубот се темносина и црвена. Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида.
Стадион
Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида, именуван по истоимениот фудбалер на Кротоне кој починал прерано за време на едно гостување на клубот.[1] Овој фудбалски стадион е дом на клубот од неговата инаугурација во 1946 година и моментално е со капацитет од 16,640 седечки места.[2] Досега стадионот двапати бил реновиран првпат во 2000 година, а потоа и во 2016 година непосредно по промоцијата на клубот во Серија А.
Играчи
Моментален состав
Сезона 2016-2017
Рекордери
Статистиката е ажурирана на 29 ноември 2016
Македонски фудбалери
Стефан Ристовски : сезона 2011-2012
Стефан Ристовски исто така е првиот фудбалер кој заиграл за некоја сениорска репрезентација како играч на Кротоне, кога на 10 август 2011 тој го направил своето деби за македонската репрезентација во пријателскиот натпревар против Азербејџан.
Познати тренери
Пјетро Пазинати: 1961-1962
Антонело Кукуреду: 1999-2000, 2000-2001
Антонио Кабрини: 2001-2002
Џанпјеро Гасперини: 2003-2006
Масимо Драго: 2012-2015
Иван Јуриќ: 2015-2016 - тренерот кој му донел на Кротоне историска промоција во Серија А.[3]
Соперништва
Најголеми соперници
Најголеми соперништва фудбалерите и навивачите на Кротоне имаат со калабриските екипи Катанѕаро[4][5], Реџина[4][5] и Вигор Ламеција.[4][5]
Статистика
Учество во првенства
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.