Фемтометар
единица за должина From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фемтометар (симб. фм или fm[1][2][3]) — единица за должина во Меѓународниот систем на мерни единици (SI) еднаква на 10−15 метри. Ова растојание понекогаш се нарекува ферми во чест на италијанско-американскиот физичар Енрико Ферми. Се користи како должинска мерка во јадрената физика.
Remove ads
Дефиниција и еквиваленти
1000000 зептометри = 1 фемтометар = 1 ферми = 0,000001 нанометри = 10-15 метри
1 000 000 000 000 фемтометри = 1 милиметар.
На пример, набојниот полупречник на еден протон изнесува околу 0,841 фемтометри[4] а полупречникот на атомското јадро на златото изнесува приближно 8,45 фемтометри.[5]
1 барн = 100 фм2
Историја
Фемтометарот е усвоен на XI Генерална конференција за тегови и мерки и додаден во SI во 1964 г. Наречен е по данскиот збор femten со значење „патнаесет“ (бидејќи има величина на петнаесетти степен) и поради сличноста со зборот ферми.
Ферми е наречен по италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основоположниците на јадрената физика. Зборот го вовел Роберт Хофштатер во стручен напис објавен во 1956 г.[6] Денес нашироко се користи од јадрените и честичните физичари.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads