Финикс Санс
кошаркарски клуб од Феникс, Аризона From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Финикс санс (англиски: Phoenix Suns) се професионален кошаркарски тим сместен во Финикс, Аризона. Тие се членови на Тихоокеанската дивизија (Западна конференција) во НБА. центарот „УС Ервејс“ (англиски: US Airways Center) го користат како домашен стадион од 1992. Санс биле особено успешни откако почнале да играат како нов тим во 1968. За четириесет и една година играње тие успеале да влезат осум пати во полуфиналето на НБА плејофот. И покрај тоа што играат успешно четири децении, тие немаат освоено ниту една НБА титула.[1]


Санс биле едни од два тима што влегле во НБА на стартот на сезоната во 1968-69, заедно со Милвоки Бакс. Финикс Санс бил првиот професионален тим од прва лига од државата Аризона.[2]
Во 1992, Санс се преместиле во новата арена, во која се и ден денес. Истата година во Финикс не била само арената ново нешто, туку го земале и Чарлс Баркли од Филаделфија. Тој со Финикс во 1993, ја освоил неговата прва и единствена МВП титула.
Под водството на Пол Вестфал, со помош на Баркли, Мејирли, Џонсон и Ејнџи победија на 62 натпревари. Во плејофот стигнале до финалето, и изгубиле од Чикаго Булс, со Мајкл Џордан и Скоти Пипен.
За сезоната 2000-01, Финикс Санс претставиле три нови аблеми. Два од овие биле само малку сменети од претходните, со помодерен дизајн и додавање на сивата боја.
Remove ads
Состав
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads