Ференц Јухас
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ференц Јухас (Биа, 16 август 1928 - Будимпешта, 2 декември 2015 ) — унгарски поет и лауреат на „Златен венец“[1] (1992). Бил сметан за можен кандидат за Нобеловата награда за книжевност во 1976 година.[2] Негов брат бил историчарот Ѓула Јухас.
Ференц Јухас ја објавил својата прва поема во 1946 година. Неговата прва стихозбирка, Крилатиот пастув, била објавена во 1949 година.[3]
Неговата поема Момчето што се преобрази во елен, е преведена на англиски.[4]
Remove ads
Творештво
На унгарски јазик објавил повеќе од педесет книги.
- Крилатиот пастув ја објавил во 1949,
- Татко ми (1950)
- Расипничка држава (1954).
Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома:
- Момчето што се преобрази во елен (1971) и
- Порта на тајната (1972).
Книгата Златниот меч на спасот е објавена во 1973. Други негови дела се:
- Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985);
- Црниот орелски крал (1988); * Враќањето на покојникот (1988) и
- Подземна лилија (1991).
Remove ads
Награди
Добитник е на многубројни награди:
- 1949 - наградата „Баумгартер“,
- 1950 – наградата „Атила Јожеф“,
- 1951 – Сребрената наградата „Кошут“,
- 1967 – специјална награда на Струшките вечери на поезијата,
- 1971 – „Големата награда на Миклош Радноти“,
- 1973 – Златната награда „Кошут“,
- 1998 – Големата награда на Унгарскиот фонд за уметност,
- 1992 – Златниот венец на Струшките вечери на поезијата,
- 1994 – Среден крст со ѕвездите на орденот на заслуги од Унгарската Република,
- 2001 – Наградата „Хазам“,
- 2003 – Среден крст со ѕвездите на орденот на заслуги од Унгарската Република,
- 2004 – Наградата „Прима“,
- 2004 - Наградата „Танксикс“,
- 2007 – Унгарската награда за наследство,
- 2008 – Почесен граѓанин на Будимпешта.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads