Физички систем
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Физички систем — збир од физички предмети.[1]

Во физиката под овој поим се подразбира делот од физичкиот свет избран за анализа. Сето останто вон системот се нарекува околина. Околината се занемарува освен дотолку колку што делува врз системот.
Поделбата меѓу системот и околината е избор на аналитичарот, направен за да се упрости анализата. На пример, водата во едно езеро, водата во половина езеро или поединечна молекула од езерската вода може да се сметаат за физички системи. Изолиран систем е оној систем кој има занемарливо заемодејство со околината. Честопати, системот во оваа смисла одговара на повообичаеното значење на топлина во дадена машина.
При проучувањето на температура, „системот“ може да се однесува на микроскопските својства на еден предмет (на пр. средна вредност на тегот на клатно), а за релевантна „околина“ може да се сметаат внатрешнните степени на слобода, класично опишани како топлински вибрации на клатното.
Remove ads
Поврзано
- Фазен простор
- Физичка појава
- Физичка онтологија
- Системско инженерство
- Наука за системите
- Термодинамички систем
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads