Финистер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Финистерmap
Remove ads

Финистер (француски: Finistère; бретонски: Penn-ar-Bed) – департман во Франција на крајниот запад на Бретања.

Кратки факти ФинистерFinistère Penn-ar-Bed, Држава ...
Remove ads

Историја

Thumb
Историски региони во Бретања

Денешниот департман се состои од историскиот регион Леон и делови од Корнуај и Трегор, делови од Бретања пред Револуцијата.

Името „Финистер“ доаѓа од латинскиот израз Finis Terræ, што значи крај на земјата. Бретонското имза за Финистер, Penn ar Bed, во превод има слично значење "крај на светот ".

Географија

Најголем центар по бројот на жители во Финистер е Брест. Други големи градови во департманот се: Кемпер (главен град), Конкарно, Морле, Каре, Кемперле и Дуарнене. На Финистер му припаѓа и островот Уесан.

Финистер е најзападниот департман на Метрополска Франција и може да се каже дека тој е најкрајбрежниот департман на Континетална Франција. Од 279 општини, 118 имаат излез на брегот. Вкупната крајбрежна линија изнесува приближно 1250 км е скоро четвртина од целокупниот брег на Бретања.

Thumb
Мапа на Финистер

Пејзажот на северниот брег се одликува со камени заливчиња слични на фјордови.

Најзападната точка на Метрополска Франција, позната како Поант де Корзан се протега од северозападниот дел на Финистер. Неколку километри понајуг, малку позападно е Поант ди Ра, но таа е каменита и изолирана.

Remove ads

Економија

Земјоделието, прехранбена индустрија и разни поврзани индустрии имаат битно место во економијата на Финистер.

Военото присуство во Финистер (Ил Лонг базата на јадрени подморници и воздухопловната поморска база во Ланвеок-Пулмик), како и соодветните воени индустрии, вработуваат значителен број од населението во департманот.

Пристаништето во Роскоф ја поврзува Бретања со траект со Ирска и Велика Британија.

Култура

Финистер е област каде бретонскиот јазик најмногу опстојува како говорен јазик.

Фестивалот Корнуај, кој се одржува во Кемпер ги негува бретонските традиции и музика.

Сликарот Рејмон Винц (1884–1956) насликал многу локации во Финистер.

Роалн Доре бил вајар чии дела се многу од распетијата во Финистер.

Туризам

Поврзано

  • Кантони во Финистер
  • Општини во Финистер
  • Арондисмани во Финистер

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads