Финкенвердер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Финкенвердер (долногермански: Finkwarder, Finkenwarder или - wärder; германски: Finkeninsel) е кварт на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Мите. Тука е местото на фабриката на Ербас и неговиот аеродром. Во 2006, населението било 11.629.
Remove ads
Историја
Во текот на Втората светска војна, до 30 април 1945, постоел концентрационен логор во Финкенвердер. Бил подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме.[1]
Географија
Хамбуршкото пристаниште покрива дел од овој кварт. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Финкенвердер имал вкупна површина од 19,3 км2.
Западната и северната граница е реката Елба на север со округот Алтона. Долна Саксонија е на исток. На југ е границата со квартот Бергедорф.
Демографија
Во 2006, во квартот Финкенвердер живееле 11.629 луѓе. Густината на население била 602 жители на км2. 18,9% биле деца под 18 години, а 19,8% имале 65 години или повеќе. 13% биле имигранти. 461 биле регистрирани како невработени.[2]
Во 1999, имало 5.702 домаќинства, од кои 25,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 39,9% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,1.[3]
Во 2006, имало 867 кривични дела (75 дела на 1000 луѓе).[4]
Образование
Постојат 2 основни училишта и 2 средни училишта во квартот Финкенвердер.[5]
Економија
Финкенвердер е поделен на индустриски и рурален дел. Аеродромот Хамбург-Финкенвердер управуван од Ербас S.A.S. индустриите и некои објекти на пристаништето во Хамбург се наоѓаат во овој кварт.
Инфраструктура
Здравствен систем
Финкенвердер има шест дневни центри за деца и исто така седум лекари во приватни ординации и три аптеки.[5]
Сообраќај
Квартот не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови. Јавниот превоз е обезбеден со автобуси на Hamburger Verkehrsverbund и HADAG Seetouristik und Fährdienst, кој ги оперира фериботите на реката Елба.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 4.354 приватни возила во Финкенвердер (376 автомобили/1000 луѓе).[5] Имало вкупно 58 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 45 сообраќајни несреќи со жртви.[6]
Remove ads
Поврзано
- Список на подлогори на Нојенгаме
- Аеродром Хамбург-Финкенвердер
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads