Фински Залив

залив во Балтичкото Море From Wikipedia, the free encyclopedia

Фински Заливmap
Remove ads

Фински Залив (фински: Suomenlahti; естонски: Soome laht; руски: Фи́нский зали́в; шведски: Finska viken) — најисточниот ракав на Балтичкото Море. Се протега од Финска (на север) и Естонија (на југ), па сè до градот Санкт Петербург во Русија, каде во него се влева реката Нева. Други поважни градови во заливот се Хелсинки и Талин. Во источните делови се сместени пристанишни места од голема важност за нафтеното стопанство како што е Приморск). Заливот е од стратешка важност за Русија како морска траса до Санкт Петербург.

Кратки факти Фински Залив, Координати ...
Thumb
Финскиот Залив во рамките на Балтичкото Море
Thumb
Центарот на Хелсинки и Финскиот Залив
Thumb
Финскиот Залив со помалите заливи во него
Remove ads

Географија

Заливот зафаќа површина од 30.000 км2.[1] Долг е 400 км, а во ширина се движи од 70 км при почетокот до 130 км кај островот Мошчни. Во Невскиот Залив се стеснува на 12 км. Водата е релативно плитка, и станува сè поплитка кон континенталното копно. Просечната длабочина изнесува 38 м, а максималната достигнува 100 м. Невскиот Залив е длабок само 6 м, а пловноста е постигната со канал прокопан на дното. Водата има ниска соленост поради обемниот дотек на слатка вода од реките — 0,2-5,8 ‰ на површината и 0,3–8,5 ‰ при дното. Просечната температура се движи околу 0 °C во зима и 15-17 °C во лето (дното останува на 2-3 °C). Заливот постепено замрзнува од крајот на ноември до крајот на април, и станува наполно леден во јануари.[2] Неретко дуваат силни западни ветришта што предизвикуваат бранови, напливи и поплави.[3][4].

Северниот брег е висок и извиен, со изобилство од мали заливчиња и затони. Поголеми земјишни облици се заливот на Виборг и полуостровите Ханко и Поркала. Брегот е претежно накосен и полн со песочни дини и по некој бор.[3] Јужните брегови се рамномерни и плитки, со исклучок на варовничките засеци долж целиот брег, кои достигнуваат 55 м во височина.[5][6] Источниот дел навлегува во Невскиот Залив, а западниот преоѓа во Балтичкото Море.

Заливот има голем број острови и помали островчиња. Најголеми се Котлин со градот Кронштат (нас. 42.800), Брезовите Острови, Лисичиниот (Лисиј), Малиот Висоцки Остров кај местото Висоцк, Гогланд (Сурсари), Мошчни, Болшој Тјутерс (Титерсари), Сомерс, Најсар, Кимито, Кекар, Сескар, Лавансари, Грачево (Сескари), групата Пакри и други.[7]

За време на Големата северна војна (1700–1721), Русија изградила поголем број вештачки острови со тврдини, како заштита од поморски напади. Во подоцнежните периоди се доградувани уште вакви острови. Позчајани од нив се тврдините „Император Александар I“, Краснаја Горка, Ино, Тотлебен, Кронсхлот и други.[8]

Најголеми реки што се влеваат во заливот се Нева (од исток), Нарва (од југ) и Кими (од север). Од јужната страна се влеваат и Кејла, Пирита, Јегала, Кунда, Луга, Систа и Коваши. Од север дотекуваат Сестра, Порво, Ванта и уште неколку помали реки. Финскиот Залив е поврзан со езеото Сајма преку Сајменскиот канал.[7]

Remove ads

Поважни градови

  • Ванта
  • Виборг
  • Еспо
  • Зеленогорск
  • Котка
  • Кронштат
  • Кунда
  • Ловиса
  • Локса
  • Ломоносов

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads