Флора Михајлоска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Флора Михајлоска
Remove ads

Флора Димитријова Михајлоска ( 1908 во Крушево1 септември 1944 во Кичево) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Родена, Починала ...

Животопис

Иако е родена во Крушево, таа живеела и работела во Кичево. За време на окупацијата, активно работела за народно ослободителното движење. Во нивната куќа уште од 1941 година се одржувале партиски состаноци. Флора пренесувала илегални материјали и соработувала заедно со своите синови Јанко и Михо Михајлоски. Во пролетта 1943 година, кога се приготвувало формирањето на Кичевскиот партизански одред, таа активно работела за собирање храна, облека и други материјали за Одредот. Во пролетта 1944 година била уапсена од германските војски, но имала добро држење пред нив. По пуштањето од затворот продолжила активно да работи, особено на организирањето на женската младина во градот, но нејзината активност била прекината на 1 септември 1944 година кога балистите ја убиле на ѕверски начин сред нејзината куќa. Флора била мајка на народниот херој Михо Михајлоски.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads