Фолегандрос

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фолегандросmap
Remove ads

Фолегадрос (грчки: 'Φολέγανδρος') е мал грчки остров во јужниот Егеј, кој заедно со Сикинос, Иос, Анафи и Санторини, го сочинуваат јужниот дел на Кикладите. Неговата површина е околу 32 км2, и има 667 жители.

Кратки факти Фолегандрос Φολέγανδρος, Географија ...

Има три мали села, Хора, Каравостаси, и Ано Мерја, кои се поврзани со поплочен пат.

Remove ads

Историја

Малку е познато за древната историја на Фолегандрос. Неговите жители биле Дорци. Подоцна потпаднал под атинска власт. Бил освоен во 1207 од страна на Венецијанецот Марко Санудо и останал под венециска власт до 1566, кога бил освоен од страна на Отоманските Турци. Грците го присвоиле во 19 век.

Географија

Релјефот на Фолегандрос е разновиден и вклучува високи гребени и една голема пештера. „Главниот град“ на островот - Хора, е изграден на работ на еден 200-метарски гребен. Пристаништето на Фолегандрос се наоѓа во малото гратче Каравостаси. Во селото Ано Мерја пак, се наоѓаат два мали но интересни музеи - еколошки музеј и фолклорен музеј. Една од најпознатите плажи на Фолегандрос е плажата Катерго, пристаплива само со брод од пристаништет Каравостаси.

Remove ads

Рајско одморалиште

Фолегандрос е еден од многуте изолирани грчки острови кој нуди недопрена природа. Со неговите бистри и сини океански води бил прогласен за една од најдобрите 10 плажи на светот од страна на the Travel Channel.

Извори

Надворешни врски

Галерија на слики

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads