Форбс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Форбс (англ. Forbes, IPA: /fɔrbz/) е американско деловно списание. Се публикува осум пати годишно, и содржи статии поврзани со финансиски, индустриски, инвестициски и маркетинг теми. Форбс исто така известува и за поврзани теми како технологија, комуникации, наука, политика и право. Неговото седиште е во Џерси Сити.
Списанието е добро познато по своите списоци и рангирања, како што се: список на најбогатите Американци (Форбс 400), список на најбогатите познати личности во Америка, список на најголемите компании во светот (Форбс глобал 2000), списокот на Форбс за најмоќните луѓе во светот и список на милијардерите во светот.[4] Мотото на списанието Форбс е „Промени го светот“.[5] Претседател и главен уредник е Стив Форбс, а извршен директор е Мајк Федерле.[6] Во 2014 година, бил продаден на инвестициска групација со седиште во Хонгконг - Integrated Whale Media Investments.[7][8]
Remove ads
Поврзано
- Форбс 400
- Форбс 500
- Форбс Глобал 2000
- Светските милијардери
- 100-те најмоќни жени во светот
- Најмоќните луѓе на светот
- Форбс 30 под 30
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads