Френк Капра
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Френк Расел Капра (англиски: Frank Russell Capra, италијански: Francesco Rosario Capra; Бизаквино, Сицилија, 18 мај 1897 — Ла Кинта, 3 септември 1991 година) — американски филмски режисер, сценарист и продуцент од италијанско потекло.
Животопис
Основни податоци
Френк Расел Капра е роден на 18 мај 1897 година, во местото Бизаквино во Сицилија (Италија) како Франческо Розарио Капра. Неговото семејство емигрирало во 1903 година во Америка. Живеел во Лос Анџелес, Калифорнија , каде што дипломирал и станал инженер на хемијата.[1] Учествувал во Првата светска војна, во 1920-тите години. Станал американски граѓанин и зел име, Френк Расел Капра. Двапати бил во брак. Неговата прва сопруга била Хелен Хауел, од која зе развел во 1927 година. Втора негова сопруга била Лу Капра, со која тој имал четири деца. Умрел на 3 септември 1991 година, на 95 години.
Remove ads
Филмска кариера
Тој не можел да најде работа во својата специјалност и почнал да пишува сценарија. Голем успех постигнал со филмот „Трамп, Трамп, Трамп“ од 1926 година. До 1929 режирал само неми филмови. Првиот звучен филм, кој тој го режирал е „Аферата на Донован“ (1929) за студиото „Колумбија“. Последниот филм кој тој го режиирал е „Шешир полн со чуда“ (1961). Исто така, тој пишувал и сценарија и работел како продуцент.
Филмографија
- „Скитник, скитник, скитник“ (1926)
- „Аферата на Донован“ (1929)
- „Дами за задоволство“ (1930)
- „Дожд или светлост“ (1930)
- „Дирижабл“ (1931)
- „Чудотворка“ (1931)
- „Платинестата русокоса“ (1931)
- „Забрането“ (1932)
- „Американско лудило“ (1932)
- „Горкиот чај на генералот Јен“ (1933)
- „Се случи една вечер“ (1934)
- „Господинот Дидс оди во градот“ (1936)
- „Изгубениот хоризонт“ (1937)
- „В гроб ништо не носиш“ (1938)
- „Господинот Смит оди во Вашингтон“ (1939)
- „Запознајте го Џон Доу“ (1941)
- „Животот е прекрасен“ (1946)
- „Шешир полн со чуда“ (1961)
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads