Фризиски Острови

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фризиски Острови
Remove ads

Фризиски Острови, наречени и Ваденски или Ваденскоморски Острови (холандски: Waddeneilanden; западнофризиски: Waadeilannen; германски: Friesische Inselnархипелаг на источниот крај на Северното Море во северозападна Европа. Се протегаат од северозападот на Холандија низ Германија, па на запад до Данска. Островите претставуваат своевидна заштита за плитаците на Ваденското Море од влијанијата на Северното Море.[1] Заедно со копненото крајбрежје на Германскиот Залив, Фризиските Острови ја образуваат Фризија - татковината на Фризите. „Фризиски“ се нарекуваат оние острови кајшто се говори фризискиот јазик и кајшто населението е етнички фризиско. За разлика од ова, поимот „Ваденски Острови“ се однесува на целиот архипелаг, вклучувајќи ги оние ваденски острови кајшто се говори данскиот јазик кои се наоѓаат малку понасевер на западниот брег на Јитланд.

Кратки факти Географија, Површина ...

Највеќето острови во групата се заштитени како меѓународни резервати на дива природа, под здружено раководство на Холандија, Германија и Данска. Покрај тоа, во подрачјето и понатаму се експлоатираат земниот гас и нафтата. Во близината се наоѓаат и устијата на реките Емс, Везер и Елба, чија поврзаност со морето е од големо стопанско значење, но и еколошка закана за дивиот свет во подрачјето.

Remove ads

Острови

Холандски Фризиски Острови

(од запад кон исток)

Населени

  • Тексел
  • Влиланд
  • Терсхелинг
  • Амеланд
  • Схирмониког

Холандските острови имаат вкупна површина од 405,2 км2 и вкупно 23.872 жители.

Ненаселени

  • Нордерхакс
  • Рихел
  • Гринд
  • Риф
  • Енгелсманплат
  • Симонсзанс
  • Ротумерплат
  • Ротумерог
  • Зејдердејнтјес

Германски Ваденски Острови

(од запад кон исток и од југ кон север)

Населени

Ненаселени

Германските острови имаат вкупна површина од 448,52 км2 и вкупно 53.296 жители.

Не сите гореспоменати острови се сметаат за дел од архипелагот. За едно парче земја да се смета на остров, истото мора да има површина од барем 160 хектари и не смее да биде под вода за време на просечната плима на Северното Море.

Дански Ваденски Острови

(од југ на север)

  • Реме
  • Манде
  • Коресанд (ненаселен)
  • Фане
  • Лангли (ненаселен)

Данските острови имаат вкупна површина од 193,8 км2 и вкупно 4.173 жители.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads