Фуран
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фуранот, познат и како фурфуран, е хетероциклично органско соединение. Најчесто се добива од топлотното разложување на материите кои содржат пентоза, како целулозните цврсти материи, особено борово дрво. Фуранот е безбојна, запалива и високо испарлива течност со точка на вриење блиска до собната температура. Таа е токсична и може да е канцерогена. Каталитичката хидрогенација на фуранот со помош на паладиумски катализатор дава тетрахидрофуран.
Remove ads
Синтеза и изолирање
- Фуранот може да се добие од фурфуралот со оксидација и декарбоксилација на фуран-2-карбоксилна киселина.
- Класичната фуранска синтеза е наречена Фајст-Бенари синтеза.
- Еден од наједноставните начини на синтеза на фурани е реакцијата меѓу 1,4-дикетони со фосфор пентоксид (P2O5). Оваа реакција се нарекува Паал-Кнор синтеза. Исто така, при образување на тиопен со реакција на 1,4-дикетони и Лосонов реагенс се добиваат фурани како спредни производи.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads