Харди-Вајнбергова рамнотежа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Харди-Вајнберговата рамнотежа или Харди-Вајнберговиот закон е важен постулат во еволуцијата и популационата генетика кој вели дека честотата на гените во една изолирана популација (популација на која не дејствуваат надворешни фактори) е постојана низ поколенијата.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Харди-Вајнберговиот закон ни овозможува да ја пресметаме честотата на гените во генетскиот фонд на дадена популација доколку ја знаеме честотата на генотиповите. Тој ни кажува и што може да се очекува и какви би биле популациите доколку не настанува нивна еволуција.
Овој закон независно еден од друг го опишале британскиот математичар Годфри Херолд Харди и германскиот физичар Вилхелм Вајнберг во 1908. Според овој закон, одредени научници формулирале математички теории за еволуцијата кои се основа на популационата генетика.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
