Хари Белафонте

американски пејач и глумец (1927–2023) From Wikipedia, the free encyclopedia

Хари Белафонте
Remove ads

Хари Белафонте (англ: Harry Belafonte; роден како Харолд Џорџ Беланфанти Помладиот; 1 март 1927 г. – 25 април 2023) ― американски пејач, глумец и активист за граѓански права, кој во 1950-тите и 1960-тите ја популаризирал калипсо музиката ширум светот. Албумот на Белафонте, Calypso (1956) била прва долгометражна плоча продадена во над милион примероци од соло изведувач.[1]

Кратки факти Хари Белафонте, Роден(а) ...

Најпознати песни на Белафонте се: „Day-O (The Banana Boat Song)“, „Jump in the Line (Shake, Senora)“, „Jamaica Farewell“ и „ Mary's Boy Child“. Хари Белафонте глумел и во филмови како: Кармен Џонс (1954), Остров во сонцето (анг: Island in the Sun; 1957), Odds Against Tomorrow (1959), Buck and the Preacher (1972) и Uptown Saturday Night (1974). Последна улога во игран филм ја имал во Црн член на Кју Клукс Клан од режисерот Спајк Ли (2018).

Белафонте за свој ментор го сметал музичарот и активист за граѓански права, Пол Робсон, а за време на Движењето за граѓански права во 1950-тите и 1960-тите бил близок и доверлив човек на Мартин Лутер Кинг. Тој бил гласен критичар на политиките на администрациите на Џорџ Буш и Доналд Трамп. Белафонте бил амбасадор на познати личности за проблемите поврзани со малолетничка правда при Американската унија за граѓански слободи.[2]

Белафонте освоил три Греми награди (меѓу кои и Греми награда за животно дело), награда Еми,[3] и награда Тони. Во 1989 година, добил признание од Кенедиевот центар. Во 1994 добил Национален медал за уметност, а во 2014 година на 6-тото доделување на наградите на гувернерите на Академијата и хуманитарната награда Џин Хершолт.[4] Во 2022 година бил примен во Куќата на славата на рокенролот.[5] Тој е еден од ретките уметници кои добиле Еми, Греми, Оскар и Тони (EGOT), иако Оскар освоил во неконкурентна категорија.

Remove ads

Живот и кариера

Белафонте е роден како Харолд Џорџ Беланфанти Помладиот[6] на 1 март 1927 година, во Харлем, Њујорк.[7][8][9] Неговите родители имале јамајканско потекло, но има и тврдења дека неговиот татко потекнува од Мартиник.[10] Во Харлем живеел во афроамериканско гето, а во 1935 година со неговата мајка и двајцата постари браќа се преселил во Јамајка. Во 1939 година семејството се вратило во Њујорк, каде што посетувал средно училиште.[11]

За време на Втората светска војна бил член на американската морнарица.[12] Во 1940-тите, добил билети за да го посети американскиот театар „Негро“. Тој се заљубил во уметничката форма и се спријателил и со Сидни Поатје. Кон крајот на 1940-тите, Белафонте земал часови по глума во драмска работилница во Њујорк каде што ментор му бил влијателниот германски режисер Ервин Пискатор, каде што истовремено часови земале и Марлон Брандо, Тони Кертис, Валтер Матау, Беа Артур и Поатје.[13] Подоцна, тој ја добил наградата Тони за учеството во Бродвејската ревија, Алманахот на Џон Мареј Андерсон (1954).[14]

Thumb
Белафонте со Нат Кинг Кол во 1957 година

Музичка кариера

Белафонте својата музичка кариера ја започнал како клупски пејач во Њујорк за да ги плати часовите по глума.[15] Во неговиот прв настап пред публика, бил поддржан од групата на Чарли Паркер, во која меѓу другите биле вклучени и самиот Чарли Паркер, Макс Роуч и Мајлс Дејвис.[16] Кариерата ја започнал како поп-пејач на дискографската куќа Roost во 1949 година, но набрзо многу се заинтересирал за фолк музиката. Во 1953 година потпишал договор со RCA Victor, и редовно снимал со таа издавачката куќа до 1974 година.[17] На 27 април 1953 година, го објавил неговиот прв сингл, „Matilda“; оваа песна подоцна станала меѓу неговите најбарани песни во настапите пред публика и била изведена во речиси сите негови настапи во живо.[17]

Белафонте на музичката сцена се пробил со албумот Calypso (1956) кој станал прво ЛП во светот продадено во над милион примероци за една година.[18] Албумот се наоѓа на четврто место на Билбордовата листа од „Топ-100 албуми“ затоа што поминал поминал триесет и една недела на прво место, педесет и осум недели во топ-10 и вкупно деведесет и девет недели на американската топ листа.[19] Со албумот американската публика се запознала со калипсо музиката (која потекнува од Тринидад и Тобаго од почетокот на 19 век), а Белафонте беше наречен „Кралот на калипсото“.[20]

Thumb
Со Џули Ендрјус во емисијата NBC Вечер со Џули Ендрјус и Хари Белафонте (1969)

Иако бил најпознат по калипсо музиката, Белафонте имал свои песни кои опфаќаат различни жанрови, како: блуз, фолк, госпел, шоу мелодии и американски стандарди.

Белафонте бил прв Американец од Јамајка кој освоил Еми, за Revlon Revue: Tonight with Belafonte (1959).[3] Во 1959 и 1960 година снимил два албума во живо; биле снимени во Карнеги Хол и уживале критички и комерцијален успех. Од албумот од 1959 година, песната „Hava Nagila“ станала една од неговите најпознати песни.[21] Во 1961 година, бил меѓу музичарите ангажирани од Френк Синатра кои требало да настапат забавата по повод инаугурацијата на претседателот Џон Ф. Кенеди, на која исто така настапиле и Ела Фицџералд, Махалија Џексон и други.[22] Истата година, RCA Victor објавил уште еден албум со калипсо музика, Jump Up Calypso. На неговиот албум Midnight Special (1962) на хармоника свирел еден млад хармоникаш по име Боб Дилан.[23]

Откако Битлси и другите ѕвезди од Британија почнале да доминираат на американските поп-листи, комерцијалниот успех на Белафонте почнал да опаѓа; Belafonte at The Greek Theatre од 1964 година бил негов последен албум кој се пласирал во Топ-40 на Билборд. Белафонте добил Греми награди за албумите Swing Dat Hammer (1960) и An Evening with Belafonte/Makeba (1965). Тематика на албумот од 1965 година биле политичките проблеми со кои се соочувале црните Јужноафриканци за време на апартхејдот.

Во текот на 1960-тите, Белафонте се појавувал на ТВ емисии заедно со уметници како Џули Ендрјус, Петула Кларк, Лена Хорн и Нана Мускури. Во 1967 година, Белафонте бил прв некласичен уметник кој имал концерт во престижниот Саратога (SPAC) во северниот дел на Њујорк,[24] набрзо потоа таму концерти одржале Doors, 5th Dimension, The Who, и Џенис Џоплин.

Филмска кариера

Thumb
Белафонте на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година

Белафонте глумел во многу филмови. Негова прва филмска улога била во Светлиот пат (1953), во која глумел со Дороти Дендриџ.[25] Двајцата потоа глумеле во хит-мјузиклот од Ото Премингер, Кармен Џонс (1954). Иронично е тоа што, во филмот оперски пејач ги пее деловите на Белафонте и на Дендриџ, затоа што нивните гласови биле сметани за несоодветни за нивните улоги.[13][25]

Подоцна Белафонте добил неколку (тогаш) контроверзни филмски улоги. Во Островот на сонцето (1957), има навестувања за афера помеѓу ликот на Белафонте и ликот кој го играла Џоан Фонтен;[26] во филмот глумеле и Џејмс Мејсон, Дендриџ, Џоан Колинс, Мајкл Рени и Џон Џастин. Во 1959 година, глумел и го продуцирал (преку неговата компанија HarBel Productions) „Оdds Against Tomorrow “ од режисерот Роберт Вајс, во кој глуми ограбувач на банка кој се здружува со расистички настроен партнер (Роберт Рајан). Тој исто така глумел со Ингер Стивенс во „Светот, телото и ѓаволот“. [27] На Белафонте му била понудена улогата на Порги во Премингеровата Порги и Бес, каде што повторно би глумел со Дендриџ, но ја одбил улогата бидејќи бил против расните стереотипи; улогата ја играл Сидни Поатје.[28][29]

Личен живот

Thumb
Втората сопруга Џули Робинсон во 1998 година
Thumb
Белафонте со третата сопруга Памела Френк во април 2011 година

Белафонте и Маргерит Бирд биле во брак од 1948 до 1957 година. Имале две ќерки: Адриен и Шари. Тие се разделиле кога Бирд била бремена со Шари. Белафонте имал афера со глумицата Џоан Колинс за време на снимањето на филмот Остров во сонцето.[30]

На 8 март 1957 година, Белафонте се оженил со својата втора сопруга Џули Робинсон, поранешна танчерка од компанијата Кетрин Данам, која имала еврејско потекло. Имале две деца: Џина и Дејвид.[31] По 47 години брак,[32] Белафонте и Робинсон се развеле во 2004 година. Во април 2008 година,се оженил со Памела Френк, фотограф.[33]

Белафонте починал од конгестивна срцева слабост во неговиот дом на Менхетен на 25 април 2023 година, на 96-годишна возраст.[10]

Remove ads

Дискографија

Филмографија

Филм

Повеќе информации година, Наслов ...

Театар

  • Алманахот на Џон Мареј Андерсон (1953) [39]
  • 3 за Вечерва (1955) [40][41]
  • Moonbirds (1959) (продуцент) [42]
  • Белафонте во палатата (1959) [43]
  • Асинамали! (1987) (продуцент) [42]

Награди и признанија

Белафонте е носител на EGOT, има добиено три Греми награди, Еми награда,[3] награда Тони,[44] и, во 2014 година, хуманитарна награда Џин Хершолт од Академијата за филмски уметности и науки.[45]

Повеќе информации Награда, Театарска продукција ...

Тој, исто така, добил многу признанија, вклучувајќи ги почестите од Центарот Кенеди во 1989 година, Националниот медал за уметности во 1994 година и бил примен во Рокенрол Куќата на славните во 2022 година.[5]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads