Харпија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Харпија
Remove ads

Xарпија (Грчки: ἅρπυια, harpyia; Лат: harpeia) — крилест дух во старогрчката митологија. Харпиите постојано му ја краделе храната на Финеј. Буквалното значење на зборот „харпија“ изгледа дека е „крадливка“, бидејќи произлегува од древниот грчки збор „ἁρπάζειν“, што значи „да граба/открадне“. Вообичаено, тие се претставени како девојки со тела на птици. Според второто пеење на „Енеидата“, тие живееле на групата острови Строфади во Јонското Море. Една од нив им претскажала глад на Тројанците.[1]

Thumb
Средновековен опис на Харпија како жена-птица

Харпиите биле сестри на Ирис, односно ќерки на Тавмант и океанидата Електра. Трите харпии се: Ела (брза како бура), Келена (темната) и Окипета (брзолета). Една од харпиите, Подарго (брзонога), била мајка на коњите од Ахил, Балиј и Ксант, чиј татко бил западниот ветер Зефир.[2] [3]Хесиод[4] ги нарекува две „прекрасни влакнести“ суштества, па во грнчарската уметност харпиите се претставени како крилести убавици. Харпиите како грди крилести жени-птици (на пример, кај Евменидите од Есхил) се подоцнежен производ, заради помешувањето со сирените. Римските и византиските автори ја детализирале нивната грдотија.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads