Харц (округ Гетинген)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Харц (округ Гетинген)
Remove ads

Харц (округ Гетинген) (германски: Harz (Landkreis Göttingen)) — слободна област во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Thumb
Местоположбата на областа во округот Гетинген

Географија

Претставува втора најголема слободна област во Германија со површина од 267,35 км2 и е целосно ненаселена.

Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 1 56 501 (Amtlicher Gemeindeschlüssel). Областа зафаќа големи делови од округот Гетинген и се наоѓа североисточно кон округот Гослар.

Управување

Управувањето на слободните области во окрузите Гетинген и Гослар, од кои 98% се покраински шуми, припаѓа на шумскиот округ Клаустал, кој исто така ги води матичните книги и е одговорен за безбедноста и редот во областа. Оваа особеност потекнува од рударската историја на Харц.[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads