Хатохобеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хатохобеј (тобиски и англиски: Hatohobei) — најјужна сојузна држава (покраина) во Палау. Оваа сојузна држава е составена од островот Тоби и Хеленовиот Гребен. Според уставот на Палау во оваа држава спаѓа и Транзитниот Гребен, најјужна географска маса на Палау, но сепак тоа се однесува на подводен песочен гребен. Вкупната површина на оваа сојузна држава е 0.88 км2. Овие острови, заедно со Сонсорол, ги сочинуваат Југозападните Палауански Острови.
Remove ads
Историја
Во декември 2012 година државата претрпела силен удар и големи штети од тајфунот „Бофа“. Луѓето од Хатохобеј биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Вкупно имало 41 лице од островот Тоби и 3 од Хеленовиот Гребен. По тајфунот, државата им дала земјиште на луѓето од Хатохобеј во Сонсорол и сега живеат таму, наместо на Тоби.
Демографија
Според податоците од 2014 година, државата имала население од 40 жители, а историски гледано во 1962 година имала 80 жители, во 1995 имала 51 жител и во 2000 имала 23 жители. Службени јазици во оваа сојузна држава се англиски, тобиски и сонсоролски јазик.
Remove ads
Острови
Остров Тоби

Островот има вкупна површина од 0.6 км2 и се наоѓа во сојузната држава Хатохобеј во Палау. Островот е еден од најјужните во државата, заедно со Хеленовиот Гребен и Транзитниот Гребен. Целата сојузна држава Хатохобеј има 43 жители според податоците од 2016 година, а на островот Тоби живеат 40. Останатите живеат на Хеленовиот Гребен. Сите во државата зборуваат на тобиски јазик. Вкупната должина на островот е 1.6 километри, а широк е 0.8 километри.[2] На островот се наоѓало селото Хатохобеј, кое било главен град на сојузната држава.
Хеленов Гребен



Хеленовиот Гребен (Hotsarihie) е на 70 километри источно од островот Тоби. Гребенот е всушност подводен атол, а само едно мало островче е видливо над водната површина. Атолот е долг 25 километри и широк е околу 10 километри. Лагуната на островот има вкупна површина од 103 км2, а вкупната површина на целиот атол е 163 км2. Влезот во лагуната е на западната страна. Јужно од каналот/ влезот се наоѓа Раун Рок, карпеста формација која повремено се суши. Лагуната има 85 видливи гребенести формации.
Кога има осека, водата од лагуната истекува од сите страни и тогаш гребенот е видлив. Само мал број делови од гребенот се постојано суви.
Единствениот остров од Хеленовиот Гребен е острово Хелен. Островот се наоѓа во северниот дел на гребенот и во споредба со гребенот островот е многу мал. Хеленовиот Остров е широк од 20 до 40 метри, а дол е 400 метри. Вкупната површина на островот е 0.03 км2. Островот не е населен. На островот има ренџерска станица која го заштитува гребенот. Таа работи во текот на целата година и има постојано 3 вработени лица. Од Европејците гребенот бил откриен во 1773 година од Фелипе Томпсон кој го именувал како „Сан Феликс“.[3]
Транзитен Гребен

Транзитниот Гребен (Pieraurou) на некои карти се позицинира на околу 50 километри источно од Хеленовиот Гребен. Овој гребен се именува како остров во уставот на државата и воедно е најјужна географска форма на државата. Како остров сепак е оспорен и често не се појавува во списоците на острови во овој регион на Океанија. Всушност, најверојатен опис е дека сепак името се однесува за подводен песочен масив.
Remove ads
Образование
Образовните активности и институции се дел од Министерството за образование на Палау. Во Хатохобеј има едно основно училиште кое е отворено во 1962 година и има еден наставник.[4] Децата од Хатохобеј своето средно образование го продолжуваат во Корор, каде се наоѓа единственото државно средно училиште.[5]
Наводи
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads