Хафен Сити

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хафен Ситиmap
Remove ads

Хафен Сити е кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија. Се наоѓа на речниот остров на Елба, кој се нарекува Кервидер и Вандрам.

Кратки факти Земја, Местоположба на квартот Хафен Сити во Хамбург ...

Хафен Сити Хамбург е проект на градско планирање, каде што старите пристанишни магацини и складишта на Хамбург се заменуваат со канцеларии, хотели, продавници, службени згради и станбени области. Проектот е најголемиот проект за обнова во Европа во поглед на површината (приближно 2,2 км2). Површината на Хафен Сити користена е како дел од слободно пристаниште, но намалената економска важност на слободните пристаништа во ерата на слободната трговија на ЕУ, ги отстрани ограничувањата во постојната област на Хафен Сити. Кога целосно ќе биде развиено, ќе биде дом на околу 12.000 луѓе и ќе обезбеди работни места за 40.000 луѓе, најмногу во канцелариските комплекси. Рокот за завршување не е јасно поставен, но веројатно ќе заврши околу 2020-2030.

Remove ads

Историја

На 1 март 2008, поради законот за Хамбург, на соседството Хафен Сити му бил доделен статус на кварт.[1]

Образование

Квартот е опслужуван од Katharinenschule, основно училиште.[2] Исто така, ќе биде иден дом на Хафен Сити Универзитет Архивирано на 2 март 2012 г., нова школа за архитектурата и урбаното планирање.[3]

Култура

Градот Хамбург изградил нова концертна сала на местото на стариот магацин од 2007 до 2017 г. наречена Елпска филхармонија. Проектот е нова знаменитост на градот, но е критикуван поради преминувањето на трошоците доцнењето во однос на договорениот термин.[4]

Економија

Во областа, се наоѓа сегашното германско седиште на Kühne & Nagel, меѓународна бродска компанија; новото седиште на Шпигел Груп на Ерикусшпице и Unilever [5]. Се очекува новото седиште на Гринпис, исто така да биде во Хафен Сити. Центарот на ХАДАГ ги отвори своите врати во 2009.[6]

Инфраструктура

Почесниот конзулат на Киргистан основан во Хамбург во 1995 се наоѓа во улицата Am Sandtorkai 77.[7]

Сообраќај

Квартот ќе биде опслужуван со ново изградената линија на подземната железница, У4, која ќе биде завршена во 2011. Линијата предвидува две станици Überseequartier и Hafencity University.[8]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads