Хаџидимово
град во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хаџидимово (на буг. Хаджидимово) е град во Пиринска Македонија, Република Бугарија, во југозападниот дел на државата. Центар на Општина Хаџидимово. За град е прогласен во 1996 година.

Remove ads
Географија
Хаџидимово се наоѓа во долината на р. Места, меѓу Родопите и Пирин планина . Тој се наоѓа на 215 км од главниот град Софија, на 118 км од Благоевград и на 17 км од бугарско-грчката граница.
Историја
Поранешни имиња на градот се Горна Сингартија и Долна Сингартија Жостово (според името на генералот Константин Жостов од селото Гајтаниново, во општина Хаџидимово. Градот бил разделен на две села – Горна Сингартија и Долна Сингартија, кои во 1934 година се обединиле под името Жостово. Во 1951 година градот е преименуван во Хаџидимово, во чест на Димо Хаџи Димов.
Религија
Во градот отсекогаш имало само христијани. Во поново време има населено и некои муслимани (Турци и помаци).
![]() | Оваа статија место во Пиринска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads