Хефталка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хефталка – направа што служи за спојување листови хартија[1], односно канцелариска алатка која се користи за хефтање на повеќе парчиња на хартија и на тој начин нивно поврзување во една целина. Хефталката најчесто се користи во канцеларија, но се користи и во домовите и училиштата. Постојат и посебни, наменски хефталки како што се хируршките хефталки, кои се користат за зашивање на рани, или тапетарските кои служат за прицврстување тапети.

Remove ads
Историја
Првата позната хефталка била направена рачно во 18 век за францускиот крал Луј XV. Секое парче полнење за хефталката било обележено со кралски жиг[2]. Зголемената употреба на хартија во 19 век довела до потреба за нејзино поефикасно поврзување[3]. Во 1866 година, Џорџ Мекгил го патентирал под бројот 56,587 американскиот патент[4] за мала хефталка, која е предвесник на модерната хефталка.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads