Хигија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хигија
Remove ads

Во старогрчката митологија, Хигија (грч. Ὑγεία) — ќерка на Асклепиј. Таа е божица на здравјето, чистотата и санитетот, а подоцна и на месечината. Таа игра важна улога и во култот на нејзиниот татко. Додека татко ѝ, надлежна за спречувањето на болести и одржувањето на добро здравје. Нејзиното име е извор за поимот „хигиена“.

Thumb
Хигија, римска статуа, околу 200 н.е.

Култ

Thumb
Статуа на божицата Хигија во Карлови Вари, Чешка

Во Атина, Хигија била култно почитувана барем од VII век п.н.е.. „Атена Хигија“ е една од култните звања на божицата Атена. За неа зборува Плутарх кога раскажува за изградбата на Партенонот:

При изградбата се случи чудна несреќа, која покажа дека божицата не беше против оваа работа, туку помагаше и соработуваше за да ја доведе до совршенство. Еден од мајсторите, најбрзиот и највештиот работник од сите, се лизна и падна од многу високо, и така лежеше во очајна состојба, додека лекарите не полагаа надеж дека човекот ќе закрепне. Кога Перикле се загрижи за ова, божицата [Атена] му се јави ноќе на сон, и му кажа како да го излечат човекот. Перикле тоа го стори, и човекот се излечи мошне лесно и бргу. По овој повод тој подигна бронзена статуа на Атена Хигија, на тврдината близу олтарот, за која велат дека постоела таму и пред тоа. Но Фидија пак, ја искова божицата во злато, и на пиедесталот го врежа своето име како мајстор на делото.[1]

Во II век н.е., географот павзаниј ги забележал статуите на Хигија и Атина Хигија близу влезот на Акрополот во Атина.[2]

Thumb
Хигија на сликата „Медицина“ од Густав Климт, 1901

Меѓутоа, култот на Хигија како независна божица не почнал да се шири сѐ до нејзиното признавање во пророчиштето во Делфи, како и по разорувачката Атинска чума (430-27 п.н.е.) и во Рим во 293 п.н.е.

Нејзините најзначајни храмови се наоѓале во Епидаур, Коринт, Кос и Пергам. Географот Павзаниј забележал дека кај асклепионот во Титана во Сикион (основан од Алексанор, внук на Асклепиј), статуите на Хигија на главата биле прекриени со женска коса и вавилонска облека. Според натписите, истите нешта се жртвувале и во Парос.

Арифрон, сикионски уметник од IV век п.н.е. напишал добро позната пофалбена химна во чест на оваа божица. Меѓу другите вајари, статуи на Хигија имаат изработено вајарите Скопас, Бријакс и Тимотеј, но не постои јасен опис за тоа како тие изгледале. Честопати Хигија била прикажувата како девојка која храни голема змија обвиткана околу неа, а на други статуи змијата пие од стомната во рацете на Хигија.[3] Овие карактеристични елементи подоцна прешле и кај галско-римската божица на лекувањето наречена Сирона. Хигија ја придружувал нејзиноот брат Телесфор.

Зборот „Хигија“ претставувал поздрав меѓу Питагорејците.

Remove ads

Поврзано

  • Хигиин пехар
  • 10 Хигија — голем астериод наречен по божицата

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads