Хиперпролактинемија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хиперпролактинемија
Remove ads

Хиперпролактинемија е присуство на абнормално високи нивоа на пролактин во крвта. Оптимални нивоа се помалку од 500 mIU/L [20 ng/mL или µg/L] за жени, и помалку од 450 mI U/L за мажи.

Кратки факти Хиперпролактинемија, Специјалност ...

Пролактинот е пептиден хормон кој се создава во предниот лобус на питуитарната жлезда кој примарно е поврзан со лактацијата и игра значајна улога во развојот на дојките за време на бременоста. Хиперпролактинемијата може да предизвика галактореја (продукција на млеко) и нарушување во нормалниот менструален период кај жените и хипогонадизам, инфертилитет и еректилна дисфункција кај мажите.

Хиперпролактинемијата може да биде и дел од нормалните телесни промени кои настануваат за време на бременоста и периодот на доење. Исто така може да биде предизвикана од болести кои ги афектираат хипоталамусот и питуитарната жлезда. Може да биде предизвикана и од нарушување на нормалната регулација на нивоата на пролактин од страна на лекови, лековити растенија и тешки метали. Хиперпролактинемијата може да биде резултат на болест на други органи како црниот дроб, бубрезите, јајниците и штитната жлезда.[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads