Хипокалемија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хипокалемија
Remove ads

Хипокалемија е ниско ниво на калиум (K+) во крвниот серум.[1] Умерено ниски нивоа на калиум вообичаено не предизвикуваат симптоми.[2] Симптомите може да вклучуваат чувство на замор, грчеви во нозете, слабост и констипација.[1] Ниското ниво на калиум исто така го зголемува ризикот од абнормален срцев ритам, кој често е премногу бавен и може да предизвика кардијален застој.[1][2]

Кратки факти Хипокалемија, Специјалност ...

Причини за хипокалемија се повраќање, дијареја, лекови како фуросемид и стероиди, дијализа, дијабетес инсипидус, хипералдостеронизам, хипомагнеземија, и недоволен внес со исхраната.[1] Нормалните нивоа на калиум се движат помеѓу 3,5 и 5,0 mmol/L (3,5 и 5,0 mEq/L), додека нивоа под 3.5 mmol/L се дефинираат како хипокалемија.[1][3] Состојбата се класифицира како сериозна кога нивоата на калиум се пониски од 2,5 mmol/L.[1] Ниско ниво на калиум може да биде суспектно врз основа на електрокардиограм (ЕКГ).[1]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads