Хитони

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хитони
Remove ads

Хитон е заедничко име за секој член од класата на морски мекотели кои се одликуваат со сегментирана черупка. Хитоните ги населуваат карпестите крајбрежја и плитките океански дна. Познати се околу 700 видови од овие древни и примитивни животни. Телото на хитонот е билатерално симетрично и препокриено со серии од осум преклопени варовнички плочки. Хитонот може да заштити себеси од големи грабливци така што ќе се преклопи во форма на топка, изложувајќи ја само цврстата черупка. Овие животни се движат на ист начин како и полжавите и со помош на нивното мускулесто стапало. Хитоните се хранат со алги користејќи јазиковидна радула (рендест орган за дробење на храната).

Кратки факти Хитони Период: камбриј - денес, Научна класификација ...

Повеќето хитони се релативно мали; видовите кои се најчести на атлантскиот брег на Северна Америка се долги само неколку сантиметри кога се зрели. Но, најголемите видови, вклучувајќи го и големиот тихоокеански хитон (Cryptochiton stelleri), може да достигнат 35 cm во должина.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads