Холестерол

хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia

Холестерол
Remove ads

Холестеролот е липид што се наоѓа во мембраните на клетките на сите ткива и е потребен за нормално функционирање на организмот. Тој спаѓа во групата на стероли, бидејќи во неговиот состав има комбинација на стероиди и алкохол. Мали количини на холестеролот се наоѓаат и во клеточните мембрани на растенијата и габите.

Кратки факти Назнаки, Својства ...

Организмот го користи холестеролот за создавање на хормоните, витамините А, Д и Е, како и киселините во жолчното ќесе. Еден помал дел на холестеролот се наоѓа во крвта. Ако тој холестерол се акумулира на ѕидовите на крвните садови, може да запре или да се намали протокот на крв. Последиците за здравјето може да бидат големи, и во такви случаи количината на холестерол во крвта се регулира со помош на медицински препарати.

Според податоците на Светската здравствена организација, 54% од жителите на Европа, и тоа подеднакво мажите и жените, имаат зголемен лош холестерол. Притоа, само во петте најголеми европски економии, над 130 милиони луѓе имаат проблем со лошиот холестерол.[2]

Remove ads

Биосинтеза

Сите животински клетки синтетизираат холестерол, како за градба на мембраната, така и за друга употреба, со релативна брзина на создавање што се разликува според типот на клетката и функцијата на органот. Околу 80% од вкупното дневно производство на холестерол се одвива во црниот дроб и цревата;[3] други места со висока стапка на синтеза се мозокот, надбубрежните жлезди и репродуктивните органи.

Синтезата во организмот започнува по мевалонатниот пат, при што две молекули на ацетил CoA кондензираат и формираат ацетоацетил-CoA. Ова е проследено со втора кондензација помеѓу ацетил CoA и ацетоацетил-CoA при што се формира 3-хидрокси-3-метилглутарил CoA (HMG-CoA).[4]

Thumb
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads