Холомонда (река)

река на Халкидик, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Холомонда (река)map
Remove ads

Холомонда (грчки: Χολομώντας) — река во Касандриско на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија. Му припаѓа на сливот на Бешичкото Езеро.[1]

Кратки факти Холомонда Χολομώντας, Местоположба ...
Remove ads

Течение

Реката извира од истоимената планина Холомонда, северно под врвот Леригово (820,6 м). Северно од гратчето Леригово прима две притоки кои исто така извираат од подножјето на Леригово и продолжува на север под името Потамија. Ја прима притоката Караникола и свртува на северозапад под името Стакуѕила. Ги прима потоците Бурунус и Кутола, се упатува на запад, ја прима големата лева притока Куцикарли и излегува од планината источно од с. Долна Равна. Овде нагло свртува на север, ја прима големата десна притока Бургас источно од с. Лезик и се влева во Бешичкото Езеро во месноста Валта североисточно од с. Пазаруда.[1]

Remove ads

Притоки

→ лева, ← десна

  • ← Караникола[1]
  • → Бурунус[1]
  • ← Кутола[1]
  • → Куцикарли[1]
  • ← Каламуди (Кјаталика)[1]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads