Хомеостаза

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хомеостаза
Remove ads

Хомеостаза претставува состојба на одржување на постојана внатрешна рамнотежа на организмот при најразлични надворешни промени. Регулирањето на хомеостаза се одвива преку механизмот наречен „feedback” т.е. повратна врска. Постојат два мехнизма на повратна врска и тоа позитивна и негативна повратна врска.

Thumb
Хомеостаза на шеќер во крвта. Дијаграмот илустрира начин на кој гликозата може да се претвори молекула на гликоген и потоа да се врати во првобитна состојба, како нивото на шеќетот во крвта би се одржувало константно, и покрај флуктуациите во тек на јадење или пост.
Thumb
Западните сини птици се гушкаат во студениот декемвриски ден во кампусот на UBC Okanagan
Remove ads

Позитивна повратна врска

Позитивна повратна врска (англиски: positive feedback) е механизам со кој се регулира хомеостазата. Тој функионира на тој начин што при зголемување на присуство на одредена материја, се оди во насока на зголемување на количеството и на друга материја. Типичен пример за позитивна повратна врска е процесот на коагулација на крвта.

Негативна повратна врска

Негативна повратна врска (англиски: negative feedback) е механизам за регулација на хомеостазата. Овој механизам функционира на тој начин што зголемување на количеството на некој хормон во крвта, влијае врз одредена жлезда од која се лачи за да се намали неговото лачење или во спротивен случај намалено количество на некој хормон во крвта, доведува до зголемено лачење на истиот.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads