Хомофобија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хомофобија
Remove ads

Хомофобија е поим кој опфаќа широк опсег на негативни ставови и чувства кон хомосексуалноста или луѓето кои се идентификуваат или се перцепираат како лезбејки, геј, бисексуалци или трансродови (ЛГБТ).[1][2][3] Се дефинира како вид на презир, предрасуда, аверзија, омраза или антипатија, заосновано врз ирационален страв и незнаење, а честопати се поврзува со религиски убедувања.[4][5]

Thumb
Процент на прифатеноста на хомосексуалноста во друштво, Pew Global Attitudes Project 2013
  81—90%
  71—80%
  61—70%
  51—60%
  41—50%
  31—40%
  21—30%
  11—20%
  1—10%
  нема податоци

Хомофобијата е присутна во критичкото или насилно однесување како дискриминацијата или насилството врз основа на половата определба која е не-хетеросексуална.[1][2][6] Се издвојуваат различни видови на хомофобија како институционализираната хомофобија, на пример религиска хомофобија и државно-спонзорирана хомофобија, или интернализираната хомофобија, која ја доживуваат луѓе со истополова привлечност, без разлика на нивниот идентитет.[7][8]

Негативните ставови кон ЛГБТ лицата имаат слични, но конкретни имиња: лезбофобијата е пресек помеѓу хомофобија и сексизам насочена кон лезбејките, гејфобија e одбивноста или омразата кон геј мажите, бифобијата се однесува на бисексуалноста воопшто, а трансфобијата ги издвојува стравовите побрзани со трансродовоста и транссексуалните луѓе, како и неконформираните родови улоги.[1][3][9][10]

Remove ads

Видови

Во пошироката литература и општиот консензус се разликуваат неколку видови на хомофобија:

  • Институционална хомофобија: која доаѓа од организираните религии или државата.
  • Хомофобија кај хетеросексуалците: за разлика од хомосексуалците, хетеросексуалците не поминуваат низ развоен период на сомнеж во својата сексуалност; затоа хомофобијата е социјален конструкт изграден врз идејата дека хетеросексуалноста е примарна и „нормална“, а сè што закривува од она што е право (стрејт), е стигматизирано и отфрлено. Без разлика дали хетеросексуалната врска е пријатна, среќна и задоволувачка или не, хомосексуалната група е честопати гледана со морална супериорност, поаѓајќи од чувството на „нормални“ мажи и жени: хомофобијата ја „спасува“ хетеросексуалноста од хомосексуалноста. Хомофобијата служи и за тривијализирање на хомосексуалноста, облекувајќи ја во стереотипи, претворајќи ја во карикатура, трансформирајќи ја во пародија на љубов и секс.
  • Хомофобија кај хомосексуалците или интернализирана хомофобија: хомофобијата, парадоксално, е многу честа кај хомосексуалните луѓе; се пројавува на различни начини во текот на животот. Иако се чини дека нема директно одбивање, тоа често се манифестира индиректно. Кога некое лице ги отфрла сопствените желби, чувства и вкусови, тоа влијае на различни области од нивниот живот и нивните меѓучовечки односи, нивниот сексуален живот, па дури и физичкото и емоционалното здравје. Слично на тоа, може да предизвика слаба самодоверба, замор, стрес и депресија. Исто така, доведува до слаба комуникација и репресија на емоциите.
  • Научена хомофобија: во овој случај, научената хомофобија е онаа што се јавува врз основа на улогата што општеството ја наметнува над улогата на хомосексуалецот; општеството предлага хомосексуалците да се однесуваат на одреден начин, да имаат „поинаков“ начин на живот и хомосексуалците се тие кои го репродуцираат ова однесување што го научиле, односно ги интернализираат и спроведуваат однесувањето и улогата што општеството ја очекува од нив. Овие однесувања се научени, наметнати, вродени и имитирани. Хомосексуалците треба да научат да ги доведуваат во прашање стереотипите и општествените улоги. Хомосексуалците не се промискуитетни, нестабилни и важно е критички да се доведат во прашање за да се ослободат од етикетите.
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads