Хранопровод
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хранопроводот (латински: esophagus) е мускулен орган со должина од околу 25 cm, кој го поврзува голтникот со желудникот. Со неговите контракции, залакот за време од 8 - 9 секунди се пренесува до желудникот. Хранопроводот на патот од градната во стомачната празнина, заедно со крвните садови и нервот луталник (nervus vagus), преку посебен отвор, ја преминува дијафрагмата. Во својот горен дел е во непосреден контакт со трахејата и големите крвни садови (аорта, пулмонални вени и артерии, горната шуплива вена). Заради тие односи доаѓа до стеснување на хранопроводот. Првото стеснување е во висина на крикоидната рскавица. Оддалечено е од долните секачи околу 15 см и пречникот на оваа место е околу 14мм. Другото стеснување е во делот каде хранопроводот е во непосреден допир со аортата и левата главна бронхија, оддалечено е од долните секачи 19 до 21 см а пречникот е околу 16 до 17 мм. Третото стеснување е во делот каде хранопроводот минува низ дијафрагмата т.е. од градниот кош во абдоменот. Оддалечено е од долните секачи 40 см а пречникот е од 15 до 17 мм. Овие стеснувања на хранопроводот се многу важни при различни прегледи на желудникот, кога е потребно да се внесе сонда до истиот. Тогаш треба да внимаваме на овие места да не го повредиме хранопроводот.
![]() | Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads